| четврток, 6 декември 2018 |

Белград и Приштина пред нов конфликт по апсењето на тројца српски функционери на Косово

Припадниците на Косовската полиција денеска привела тројца српски владини претставници по што пораснаа тензиите на релација Белград – Приштина пренесува Макфакс.

Косовската полиција за тројцата проведени функционери на српските институции одредила притвор во траење до 48 часа, а српската канцеларија за поранешната српска покраина најостро осудувајќи го нивното апсење побара да бидат пуштени на слобода и го повика ОБСЕ да реагира и да им овозможи на Србите и на сите граѓани на Косово без страв и притисоци да гласаат на локалните избори во недела.

 

Локалните избори што ги закажа косовската претседателка Атифете Јахјага се дел до договорот од Брисел за нормализација меѓу Белград и Приштина од 19-ти април, кој овозможи за Србија напредок во преговорите за членство во Европската унија а за Косово почеток на преговорите за Спогодбата за стабилизација и асоцијација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top