Кире Наумов ќе го раководи Советот за економски прашања на СДСМ, а Илинка Митева ќе советува за прашања од областа на дипломатијата. Пратеничката Ленче Николовска која влезе како независен пратеник во Собрание ќе биде задолжена за земјоделието, а Сафет Бишевац ќе се грижи за меѓуетничките прашања.
Ваквата одлука е донесена вечерва на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на 5-та седница. За претседатели на постојаните работни тела се избрани:
1. Совет за економски прашања – Кире Наумов;
2. Дипломатски совет – проф. д-р. Илинка Митрева;
3. Совет за безбедност и НАТО интеграции – проф. д-р. Стево Пендаровски;
4. Совет за ЕУ интеграции – Лидија Димова;
5. Совет за социјална политика – м-р Мила Царовска;
6. Совет за политички систем – Маргарита Цаца Николовска;
7. Совет за образование и наука – проф.д-р Солза Грчева Шопова;
8. Совет за инвестиции и инфраструктура – м-р Горан Паунов;
9. Совет за енергетика и комуникации – Митко Андреевски;
10. Совет за земјоделие и рурален развој – Ленче Николовска;
11. Совет за култура – Роберт Алаѓозовски;
12. Совет за локална самоуправа – Дејан Павлевски;
13. Совет за информатичко општество – доц.д-р. Гоце Арменски;
14. Совет за меѓуетнички односи – Сафет Бишевац;
15. Совет за унапредување и заштита на животната средина – Љубиша Николиќ;
16. Совет за борба против корупција – Игор Милев;
17. Правен совет – Ангел Солев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.