| четврток, 6 декември 2018 |

Клоп во Борусија до 2018 година

jirgen klop

Тренерот на „милионерите“ од Дортмунд Јирген Клоп денес го продолжи договорот до 2018 година. Со овој договор се стави крај на сите шпекулации околу неговото заминување од клубот. По неколкуте одлични сезони во Борусија Клоп доби понуди од Челси и Манчестер Сити ова лето, но тој остана лојален. Сегашниот договор на му беше со важност до 2016 година.

– Од секогаш сум изјавувал дека Борусија е едниствениот клуб за мене. Со потпишувањето на договорот докажав дека сум лојален. Имаме одлична екипа и сметам дека ќе бидеме одлични на сите фронта каде што учествуваме. Сметам дека ќе го докажеме тоа годинава и во годините што следат – изјави Јирген Клоп по потпишувањето на договорот заедно со неговиот прв помошник Жељко Бувац.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top