
Битолската полиција поднесе кривична пријава против 65-годишен „уметник“ за дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.
Битолчанецот и покрај тоа што немал лиценца за конзерватор на почетокот на септември пресликал на дел од ѕидното сликарство во храмот Свети Ѓорѓи во битолско Ново Село. Уметничките работи пензионерот ги вршел меѓу 2-ри и 4-ти септември.
Според полициската пријава 65-годишниот осомничен предизвикал трајно оштетување на автентичното ѕидно сликарство во црквата, а е пријавен затоа што без лиценца ги вршел конзерваторските работи.
Полицијата поднесе пријава само против него, додека никој од црквата ниту пак тој што го пуштил во храмот не се осомничени за штетата врз културното наследство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


