| четврток, 6 декември 2018 |

Маж се обидел да силува девојче во основно училиште

siluvanje devojce

Во струмичкото основно училиште „Видое Подгорец“, вчера наутро околу 7 часот, возрасен маж кој најверојатно бил пијан, го пресретнал девојчето во близина на училиштето и побарал да му го покаже тоалетот, јави дописникот на Канал 5.

При тоа, од споредниот влез го извлечкал девојчето до тоалетот каде почнал да ја допира по телото. За среќа, врисоците на девојчето ги чуле врсници од одделението, и истрчале да и помогнат, а педофилот избегал.

Од училиштето рекоа дека се во контакт со полицијата и соработуваат за целосно расчистување на случајот.

Обидот за силување го потврди и струмичката полиција. Инспектори на СВР веднаш по пријавувањето на настанот биле во училиштето, а едно лице веќе е осомничено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top