Нема разрешување на Трајко Вељановски. Пратениците од владејачкото мнозинство денеска не ја прифатија предлог-одлуката на опозицијата за смена на собранискиот спикер.
Вељаноски на стартот на седницата предложи барањето на опозицијата да биде ставено на дневен ред, но на предлог на пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ тоа не беше прифатено.
– Иницијативата на СДСМ е неоснована и не се однесува на ниту еден аспект од работата на Собранието. Собранието ниту може, ниту смее да се меша во надлежностите на независната судска власт, посебно не би смееле да се произнесуваме и да даваме свои ставови за судски или пак за истражни постапки кои се во тек. Тоа би било груб начин на притисок врз одлуките и постапувањето на судските органи – рече Димовски во Собрание.
Опозицијата не е задоволна од ваквата одлука. Координаторот на пратеничката група на СДСМ Игор Ивановски смета дека тој којшто бега и оневозможува дебата покажува дека нема аргументи. Тој повтори дека Вељановски и владејачкото мнозинство се ставиле над Уставот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Членовите на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија седницата за одземање на мандатот на Груевски
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата