Во ноќта понеделникот во Бразил се случи бизарна приказна, брутално беше убиен поранешениот бразилски фудбалер Жоао Родриго.
35-годишниот Родриго во понеделникот вечерта работел во неговиот ресторан во Рио де Жанеиро, кој го отворил по пензионирањето од професионално играње фудбал, а кога го затворил и тргнал да си оди дома, тој бил киднапиран од дилери на дрога и бил однесен во непознат правец, според пишувањата на „Глобо“.
Утрината неговата сопруга ја разбудила силна бука пред куќата, а кога ја отворила вратата, ја пронашла исечената глава на нејзиниот сопруг. На Родриго киднаперите му го отсекле јазикот и му ги извадиле очите.
Според првичните информации, зад ова дело стојат дилери на дрога, а причината била поради тоа што сопругата на Родриго работела во воената полиција која во изминатите месеци исчистила многу дрога од улиците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка