| четврток, 6 декември 2018 |

75 години од „инвазијата на Марсовците“ (ВИДЕО)

orson_30102013_screen

На овој ден пред 75 години , во пресрет на Ноќта на вештерките, на фрекфенциите на радио Би-Ес, се емитуваше најпознатата радиодрама во историјата – „ Војна на световите“ од Х.Џ. Велс , во режија на Орсон Велс . Целата приказна би останала само мал дел од радио историјата, ако шоуто не предизвикаше паника од невидени размери меѓу населението во САД.

– Дами и господа , ја прекинуваме нашата музичка програма поради вонредни вести. Дваесет минути пред осум часот, според централно време, професорот Фарел од опсерваторијата „Маунт Џенингс“ забележа неколку експлозии на гас што се случија во редовни интервали на Марс. Спектроскопот покажа дека запаливиот гас и на водород се движи со голема брзина кон Земјата – со овие зборови ја започна радиодрамата, тогаш 23 -годишниот Орсон Велс .

Убедливата глума, со вклучување и на астрономите во програмата, извештајот на новинарот од местото на настанот, аудио ефектите кои имитираат непознат „вонземјански“ звук – сето тоа уште повеќе го разгори огнот меѓу американската популација.

Во веродостојноста на приказната на програмата која ја слушаа шест милиони луѓе, поверуваа повеќе од еден милион и пол жители. Полициските телефони, радио станиците, весниците, сите беа преплави со повици од исплашени граѓани, а беа организирани дури и заеднички молитви и религиски собири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top