| четврток, 6 декември 2018 |

Со „Есмералда“ балерината Билјана Пашариковска одбележува 25 години работа

Ансамблот на балетот на МОБ вечерва ќе прикаже еден од бисерите на балетската уметност, претствата „Есмералда“,м работена според романот на Виктор Иго, „Богородичната црква во Париз“. „Есмералда“ е предвидено да се одигра во два последователни термини: вечерва во 20 часот и в петок во истиот термин. Уметничкото вотство го сочинуваат: диригент Бисера Чадловска, кореограф: Михаил Крапвин од Русија, сценограф: Живоин Трајановиќ, костими: Љупка Ристовска.

Foto_Arhiva na MOB_Esmeralda

Во вечерашната претстава Есмералда ја игра Александра Мијалкова, Феб-Васил Чичијашвили од Грузија, Флер Де Лис-Ивана Коцевска, Квазимодо-Киро Павлов, Клод Фроло-Драган Кочоски, Гудула-Билјана Пашариковска и Циганката Александра Стефановиќ, додека в петок во улогата на Есмералда и Феб за првпат ќе заиграат Марија Кичевска Шокаровска и Бобан Ковачевски, Флер Де Рис е Ивана Коцевска, Квазимодо-Киро Павлов, Клод Фроло-Трајче Стојковски, Гудула-Билјана Пашариковска и Циганската ја игра Александра Стефановиќ.

Со ликот на Гудула, балерината Билјана Пашариковска одбележува 25 години уметничка дејност, бројка која сама по себе говори за посветеноста кон професијата на Билјана со оглед на сложеноста на балетската уметност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top