| четврток, 6 декември 2018 |

„Каква е поддршката за преводот?“-трибина во Францускиот културен центар

Францускиот институт во Скопје денекса во своите простории со почеток во 19 часот ќе одржи интерактивен форум на тема: „Каква е поддршката за преводот? од Францускиот институт во Скопје“.

Панелисти на форумот се Ирина Бабамова, професор на Филолошкиот факултет во Скопје и преведувач, Елисавета Поповска, професор на Филолошкиот факултет и преведувач-годинешен добитник на наградата за превод „Божидар Настев“, Павлина Аџи Митревска, директорка на издавачката куќа „Магор“ и Бојан Саздов, директор на издавачката куќа „Три“. Модератор на форумот ќе биде Жан-Ив Лавоар, директор на Францускиот Центар во Скопје.                                                                                                                                                                    -На настанот, за кој е обезбеден консекутивен превод, ќе се продискутира околу преводите на француски дела на македонски јазик и за тоа каква поддршка би можел да обезбеди Францускиот институт во Скопје во иднина, велат организаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top