| четврток, 6 декември 2018 |

„Пивара“ отпушта педестина вработени – амбулатното возило е подготвено

pivara skopje

Во скопска „Пивара“, која со децении важеше за престижно и сигурно место за вработување, голем број работници вчера биле пречекани со отказни решенија. Неофицијално, откази се стокмени за педесетина вработени, а во близина на фабриката било забележано и амбулантно возило за оние што не можеле лесно да се соочат со престанокот на работното место, пишува „Слободен печат“ во денешниот број.

Отпуштањата ги потврдија и од пиварницата, од каде што објаснија дека станува збор за 13 работни позиции, но упатените велат дека на секоја таква позиција имало повеќе вработени.

– Соочени со тековните предизвици на домашниот и светските пазари, „Пивара Скопје“ е во процес на организациско реструктуирање кое дополнително ќе ја зајакне целокупната перформанса на компанијата и ќе ја обезбеди нејзината одржлива иднина. Меѓу другото, процесот се однесува на околу 13 работни позиции, од кои дел се од несуштински дејности на компанијата, а останатите се засегнати од процесот на модернизација на производството. Водејќи сметка за социјалната сигурност на сите кои се вклучени во овој процес и во согласност со својата политика и традиција на корпоративна општествена одговорност, со Програмата за реструктуирање се дава можност за финансиски пакет од 24 нето-плати по вработен – велат од „Пивара“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top