| четврток, 6 декември 2018 |

Ја превртивме Ладата за да го спасиме детето заглавено во количка

lada dete

Слушнав силно чкрипење на автомобилски гуми. Kога погледнав на улицата, видов како автомобил „лада“ удри во количка со деца. Бабата и постарото девојче беа отфрлени од ударот, а количката заглави под тркалата од автомобилот. Ја влечеше количката неколку метри и беше страшно. Веднаш притрчав на помош. Со овие зборови вчера бакалот Дејан Цветановски, кој има бакалница веднаш до патот во тетовското село Брвеница за Дневник ја опишува несреќата во тетовско Брвеница која има тројца повредени меѓу кои и две годишно дете.

„Додека услужував еден муштерија, го слушнав силното чкрипење на автомобилските гуми. Веднаш притрчав со уште еден човек и моравме да го превртиме автомобилот за да го извадиме девојчето од количката. Навистина беше страшно“ – вели тој за весникот.

Во сообраќајната несреќа која се случи утрово двегодишното девојче се здобило со тешки повреди и во критична сосотојба е префрлено на скопските Клиники. Се уште нема информации за нејзината сосотојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top