| четврток, 6 декември 2018 |

30 отсто од македонските доктори се пушачи

DO NOT SMOKE !!!

Голем дел од докторите во Македонија се пушачи. Според истражувањата на Центарот за социјална медицина дури 30 отсто од докторите пушат, а најголем дел од нив пртвата цигара ја запалиле на 20 години.

– Најголемиот број од лекарите одговориле дека започнале да пушат на свои 20 години, а во просек пушат по 17 цигари дневно, што е речиси една кутија цигари на ден. Само 30 отсто од лекарите кои се декларирале за пушачи во истражувањето изјавиле дека пробале да се одвикнат од цигарите. Останатите доктори-пушачи на цигари воопшто не пробале да се одвикнат. Повеќе од 30 отсто од испитаните лекари изјавиле дека некој пушел цигари на нивното работно место. Овој податок е загрижувачки од гледна точка дека не се почитува законот за забрана на пушењето ниту во здравствените установи, што ги одобрува предлог мерките за проширување на надлежностите во контрола на спроведувањето на законските мерки – се вели во информацијата од Центарот за социјална медицина.

Центарот за социјална медицина посочува дека 90% од лекарите се согласуваат дека треба да им бидат пример на пациентите, а 60% се подготвени да истражат нови техники за одвикнување од пушењето.

Сепак, споредено со истражувањата во 1999 година бројот на лекари-пушачи се намалува. Тогаш дури 42 отсто од лекарите биле пушачи.
Истражување е спроведено по електронски пат, на лекари кои работат во државниот и приватен здравствен систем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top