Уапсен е контроверзниот албански „бизнисмен“ Ќазим Османи. Тој бил приведен денеска во Белград поради сомневање дека ја претепал Манда Поповиќ.
Оваа информација е потврдена од полициската станица „Палилула“, за Вести Онлајн.
Османи е осомничен дека во саботата попладне ја претепал својата девојка Манда Поповиќ, во хотелот „Зира“ во Белград. Веднаш по инцидентот, со скапоценото Ферари побегнал од местото на настанот. Два дена по инцидентот е уапсен.
Албанскиот „бизнисмен“ беше во врска и со српските пејачки Ана Николиќ и Наташа Беквалац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.