Глумецот Том Хенкс е прогласен за најсаканата личност во Холивуд според анкетата на радио „Ајхарт“ .
Во анкетата на која се избираше најсаканата јавна личност, Хенкс без конкуренција е на првото место со 28 проценти од гласовите.
Најблиску до него се глумците Вил Смит со 17 проценти од гласовите и Дензел Вашингтон со 14 проценти.
Американците ги сакаат и Џорџ Клуни, Бред Пит и Рајан Гослинг.
На Хенкс ова не му е прва титула што ја добива од обичниот народ, тој претходно беше прогласен за човек на кого Америка му верува најмногу, а пред тоа беше прогласен за најпопуларен глумец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


