Турција денеска ќе отвора железнички тунел под Босфорот, со што ги поврзува азискиот и европскиот дел на Истанбул. Тунелот е долг 13,6 километри и тоа 60 метри под морското дно. Инаугурацијата на амбициозниот проект се совпаѓа со 90-годишнината од основањето на модерна Турција, што се одбележува денеска.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, поранешен градоначалник на Истанбул, го „оживеа“ планот во 2004 година како еден од неговите градежни мегапроекти за градот со 16 милиони жители. Овој проект е вреден три милијарди евра. Изградбата на тунелот, означен како „проект на столетието“ на Владата на Ердоган, почна во 2004 година, но потоа е одложена поради поголемиот број археолошки откритија. Неговиот капацитет е 150.000 патници во еден час.
Првпат идејата за железнички тунел под Босфорот се појавила пред 153 години за време на османскиот султан Абдул Меџид. Неодамна Ердоган направи тест-возење низ тунелот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


