Манекенката и модел на „Викторијас сикрет“, Дутзен Крос, вели дека нејзината работа може да има негативно влијание на самодовербата на младите девојки.
– Понекогаш се чувствувам виновно што се занимавам со оваа работа поради која некои девојки се чувствуваат несигурно – рече 28-годишната убавица.
Таа вели дека професионалните фотографии во долна облека не ја даваат вистинската слика на вистинскиот изглед, секогаш велам – ставете ме на лошо осветлено место со лоша фризура и без шминка, тоа нема да ви се допадне.
– Кога ќе се разбудам и погледнам во огледало, помислувам дека не изгледам вака во некое списание. Не ми е јасно која е таа во бањата – додаде таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


