Луис Хамилтон е поранешен шампион во Формула 1, има титула од 2008 година, но признава дека подобар од него е Себастијан Фетел. Германскиот ас викендов што измина по четврти пат во низа ја освои круната во најбрзиот циркус, со триумф на „Гран При Индија“. Со само 26 години Фетел е најмлад пилот во Ф1 кој има 4 титули, а пред него само Шумахер, Фанџо и Прост освојувале ист број трофеи или повеќе.
„Ова е неверојатен подвиг за човек што има само 26 години. Фетел е класа пилот и е на добар пат да биде најголемиот во историјата, ако веќе и не е на самиот врв. Апсолутно ги заслужува таквите епитети“, вели Хамилтон.
Според бројот на титулите, а ги има 7, засега неприкосновен е Михаел Шумахер, сонародникот на Фетел. Аргентинскиот ас Хуан Мануел Фанџо има 5 круни, а француската легенда Алан Прост е со еднков број на освоени шампионати како и Фетел, вкупно 4.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.