Убавицата Миранда Кер и актерот Орландо Блум минатата недела изјавија дека имаат проблеми во бракот и дека наскоро ќе се разведат. Како што се пишува во странските медиуми, причина за тоа е љубомората на Орландо.
Орландо бил љубоморен на блискоста на Миранда со младиот пејач Џастин Бибер.
– Посебно беа блиски на една забава минатиот ноември. Кога тоа го дозна Орландо, веднаш го покажа своето незадоволство – пишува магазинот „Пипл“.
Актерот дополнително го нервирало и тоа што Миранда ги знае сите негови песни на памет, а ги тера и нивните деца да ги научат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.