Адолф Хитлер успеал да побегне со Ева Браун од бункерот во Берлин, а потоа избегал во Аргентина, каде што доживеал длабока старост и има две деца.
Оваа теорија на заговор ја застапуваат британските автори Џерард Вилијамс и Сајмон Данстан во нивната книга „Сивиот волк – бегството на Адолф Хитлер“.
За многумина ова звучи како плод на бујна фантазија, но некои сметаат дека приказната за бегството на Хитлер во Аргентина одговара на вистината. Дури, таа предизвика жестока расправија меѓу Вилијамс и Данстан од една страна и аргентинскиот новинар Абел Басти, кој ги обвинува за плагијат.
Басти, кој потекнува од градот Сан Карлос де Барилочеа во Патагонија, место каде што по војната се повлекле многу нацисти, вели дека двајцата британски автори на книгата го присвоиле неговото истражување и бара од нив да му платат отштета.
Вилијамс тврди дека постојат многу верзии за наводното бекство на Хитлер, а првите се појавиле уште во мај 1945 година. Во годините по војната никој не покажал уверлив доказ дека нацистичкиот лидер е мртов.
Авторите на книгата пишуваат дека планот до детаљ го испланирал Хајнрих Милер. Дваесет минути по полноќ, Хитлер, Ева Браун и нејзиниот зет Херман Фегелајн излегле од тајниот тунел и се пробиле сѐ до центарот на Берлин, каде што ги чекал транспортен авион „јункерс 52“. Со авионот пилотирал германскиот пилот Луфтвафеа Петер Баумгарт, а Хитлер бил на пат за нов живот во Аргентина. Авторите тврдат дека авионот прво слетал во Данска, а потоа во Шпанија, каде што генерал Франко му обезбедил нов авион до Канарските Острови. Оттаму со подморница стигнал до брегот на Аргентина каде што се истоварил блиску до малото пристаниште Никочеа, 480 километри јужно од Буенос Аирес. Оттогаш, Хитлер никогаш не ја напуштил Аргентина, пишуваат авторите.
– Иако неговите сништа за нов рајх не се исполнија, барем најде малку среќа во бракот со Ева Браун од кој се родија две ќерки. На крај, по 17 години криење, еден од најголемите злосторници во историјата почина на 13 февруари 1962 година кога имал 73 години -пишува во книгата „Сивиот волк – бегството на Адолф Хитлер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Прва сезнација на фудбалското СП: Аргентина ремизираше со Исланд, Меси промаши пенал
-
Икарди нема да биде во тимот на Аргентина на Светсткото во Русија
-
Пронајдени над 400 килограми кокаин во руска амбасада