| четврток, 6 декември 2018 |

Ирански шпиони ја „окупираа“ Босна

iranski spioni bosna

Ирански разузнавачи ја “окупираа” Босна и Херцеговина. Нивното присуство е особено зголемено по двете посети на иранскиот министер за култура Сеид Мухамед Хусеини на Сараево, каде што имаше средба со членот на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ, пишува “Глас Српске”.

– Присуството на припадници на разузнавачките служби во БиХ се прикрива низ активности на ирански претставници и дипломати. Тоа е посебно засилено од почетокот на годинава, кога Изетбеговиќ, во приватна посета, во својот дом на 14 јануари го прими иранскиот министер за култура Хусеини, вели анонимен извор за весникот.

Хусеини дошол во ненајавена посета кај Изетбеговиќ и на 28 мај, две недели откако со одлука на Министерството за безбедност на БиХ се протерани иранските дипломати Хамзех Долаб Ахмад и Јадиди Сохраб, за кои е потврдено, дека иако во иранската амбасада во Сараево се воделе како секретари, работеле за Министерството за национална безбедност на Иран.

Оттогаш се интензивирале и активности на лица поврзани со иранската разузнавачка служба.

– Откриено е дека главно контактирале со претставници на невладиниот сектор и претставници на група која регрутира радикални исламисти. Највеќе контакти имале со поединци од Горна Маоча, рекол изворот за Глас Српске.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top