Изминатиов викенд, една недела порано, Холивуд вриеше од гламурозни забави под маски во чест на празникот Halloween. Многубројни беа ѕвездите кои се потрудиле навистина околу своите костими.
Супер моделот Алесандра Амбросио инспирацијата очигледно ја пронашла во црвената боја и за дневна прошетка со децата во забавен парк облека црвено трико и ставила рогови од ѓавол, а за вечерната забава носеше костим на црвената кралица од приказната „Алиса во земјата на чудата“.
Околу маскирањето доста се потрудиле и новопечените родители Ферги и Џош Духамел, актерката Елизабет Харли, која изгледа моќно и заводливо во костимот на Wonder Woman, a Џесика Алба имала добра идеја, но очигледно премалку време за подготовка и таа се маскирала во Шер, но само периката наликуваше на пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По „Кери“ и „Скарфејс“, Брајан де Палма ќе снима хорор филм по приказната на Харви Вајнштајн
-
Дрога, милиони и ФБИ: Оваа „покер принцеза“ ги знае тајните на холивудските коцкари…(видео)
-
Во Холивуд не е добро да имате вишок килограми: Ова е суровата реалност (галерија)
-
Анален секс, орален секс… цените за улога во филм: Холивуд – преполн бордел, весело друштво и паѓање во сечиј кревет