| четврток, 6 декември 2018 |

Дали знаете дека и најголемите холивудски ѕвезди читаат руски весници?

Прва реакција: „Не е можно! Најверојатно е фотошоп!“. „Чиста вистина“, изјави главниот уредник, „се работи само за добри врски, нема никакви подметнувања“.

Станува збор за 17 фотографии од главните холивудски ѕвезди кои се наоѓаат во провинцискиот уралски весник „Копејски рабочи“. Брус Вилис, Анџелина Џоли, Леонардо ди Каприо, Том Хенкс, Стивен Спилберг, Ричард Гир, Џони Деп, Џастин Тимберлејк, Харисон Форд, Кејт Винслет и други познати фаци го држат во своите раце весникот „Копејски рабочи“. Неверојатно! Најпрестижните светски весници се подготвени да платат огромна сума пари за ваква реклама, а на весникот од малиот индустриски град Копјеск, кој излегува во тираж од девет илјади примероци, ваквото нешто бесплатно му тргна од рака.

Bruce_Willis_ph._468

Тајната е всушност мошне едноставна. Фотографиите ги има направено некогашна жителка на Копејск која денес живее во САД. Маргарита заедно со својот сопруг Џејк Теуксбури, познат продуцент, ги фотографира ѕвездите и им предлага да направат една фотографија со весник кој во САД е испратен од далечниот Урал.

Тука, на Урал, се е „хард-кор“. Тешка индустрија, паѓаат метеори, а во околината се наоѓаат најсуровите затворски места во цела Русија. Само со англискиот јазик работите стојат мошне лошо. Проблемот е во тоа што ѕвездите не се ограничиле само на фотографии, туку дале и опширно интервју за жителите на руската провинција. Во Копејск настанала општа паника – кој ќе го преведе тоа интервју на руски? Весникот на својата Интернет-страница објавиле повик до читателите: помогнете ни да го преведеме текстот!

„Уредувачкиот колегиум на ‘Копејски рабочи’ реши да објави натпревар за превод меѓу учениците и студентите. Учество можат да земат ученици и студенти на возраст од 15 до 20 години, при што не се забранува помош од страна на родителите и наставниците“, стои во обраќањето. Победниците ќе добијат вредни награди.

Целава приказна дополнително придонела за промоција на весникот. Ако претходно весникот беше објавуван без некаков претеран ентузијазам, сега последниот број исчезна од сите киосци. Згора на тоа, нагло е зголемена посетата на веб-страницата на весникот, што го натерало уредништвото да размисли за идните стратегии за својата Интернет-страница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top