| четврток, 6 декември 2018 |

Заменик-народниот правобранител го посети Кежаровски во затвор

Заменик-народниот правобранител Драги Целевски денеска беше во неколкучасовна посета на истражниот затвор Скопје, каде што веќе шести месец е во притвор новинарот Томислав Кежаровски,објави „Утрински весник“. Пренатрупаноста во затворот во Шутка, каде што бројката на „станари“ е неколкукратно поголема од капацитетите на објектот, како и лошата храна, како што дознаваме од затворски извори, се само дел од забелешките што биле констатирани при посетата. Увидот во условите во затворот од страна на омбудсманот беше извршен по барање на ЗНМ и апелите на сопругата на Кежаровски, Марина, за крајно лошите услови во притворот каде што тој е сместен. Неофицијално дознаваме дека Кежаровски бил тивок и не се жалел на условите во затворот.

Од канцеларијата на омбудсманот најавуваат дека утре ќе бидат презентирани комплетните наоди од посетата на истражниот затвор на дебата за „Улогата на судијата во остварување на правата на лицата лишени од слобода“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top