Министерството за здравство ќе поднесе кривична пријава за фабриките што загадуваат над дозволеното.
Казната е од 4 до 10 години затвор. Министерот Тодоров најави дека преку двата нови апарати, точно ќе се знае која фабрика што точно испушта во воздухот. Најопасни честички се ПМ 10 честичките што се и канцерогени – објаснуваат од министерството.
Институтот за јавно здравје досега направил 750 анализи каде се утврдило дека во воздухот ги има опасните ситни честички. Во оваа програма за намалување на загадувањето учествува и министерството за животна средина.
Светската здравствена организација неодамна соопшти дека загадениот воздух е најголемиот причинител за појава на ракот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.