| четврток, 6 декември 2018 |

Владиката Пимен со луксуз против црковните удопства?

Најголемиот гласноговорник против привилегиите и удопствата на црковните достоинственици, Европскиот владика Пимен, не одолеал на скап и луксузен автомобил

pimen

Неодамна на социјалните мрежи се појави фотографија, на која  владиката Пимен е сместен во луксузно возило од марка „порше“, пренесува Курир од написот во Дневник. Македонските владици, познато е, веќе имаат завидни марки на автомобили добиени како подароци или купени за епархиските потреби, пишува весникот.

За Дневник, владиката Пимен рекол дека автомобилот воопшто не е негов, а и „ Јас и не знам да возам. Дали ако утре се сликам со некој авион, ќе значи дека сум го купил“, рекол владиката за весникот, откривајќи дека фотографијата е направена минатата година во Мајнц, Германија во возилото на негов пријател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top