| четврток, 6 декември 2018 |

Во Стеауа врие, Бекали должи пари, играчите го сменија капитенот што се плаши да ги штити

Романскиот шампион Стеауа минува низ финансиска криза по затворањето на претседателот на клубот Џиџи Бекали, а дел од играчите немаат земено плата цели 5 месеци. Тамошните медиуми информираат дека фудбалерите нема кој да ги заштити од моќниот Бекали, кој има апсолутна власт иако е зад решетки. Тоа доведе до смена на капитенот Бурчеану, кој одбил да му се спротивстави на претседателот и да ги заштити соиграчите, со барање да им се исплатат долговите. Фаворит за капитенската лента е Алекс Кипчиу, кој има одлично реноме и кај навивачите и кај соиграчите, па романските медиуми велат дека речиси сигурно тој ќе биде новиот капитен на Стеауа.

Последиците од кризата ги чувствува и нашиот репрезентативец Даниел Георгиевски, кој полека, но сигурно ги губи позициите во Стеауа. Бекали наводно бил незадоволен од игрите на десниот бек, особено по бледиот настап против Челси во Лигата на шампионите, па има најава дека на македонскиот репрезентативец нема да му биде продолжен договорот со романскиот шампион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top