Тони Надал вели дека не го мрази Новак Ѓоковиќ, напротив многу го почитува, иако во последно време, српскиот тенисер е најголемиот ривал на неговиот внук Рафаел Надал. Двајцата тенисери изградија големо ривалство, што се развива во легендарно, а во меѓусебните тениски пресметки имаше и доста препукувања.
„Новак е нормално момче и не се однесува како замислена ѕвезда. Многумина мислат дека го мразам поради огромниот ривалитет со Рафаел, но тоа не е точно. Напротив имам одличен однос со него и го почитувам како врвен спортист. Тенисот не е како фудбалот, каде ривалитетот честопати ги минува границите на нормалното, па има и омраза. Барселона и Реал Мадрид си имаат недоразбирања и нетрпеливост, но во тенисот е поинаку. Тука победата исто така значи многу, на теренот има ривалитет, но потоа брзо се враќате во нормала. Нема омраза и ниту причина за такво нешто“, изјави Тони Надал за шпанските медиуми.
Двајцата најдоброрангирани тенисери од денеска ја почнаа новата битка за титули, за поени, за победи и за врвот на светската ранг-листа. Се игра турнирот од Мастерс серијата 1000 во Париз, а Надал го брани првото место на АТП од Ѓоковиќ. Предноста на Шпанецот е 550 поени и постои можност Ѓоковиќ со триуф и лош резултат на Надал да дојде до смена на врвот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.