| четврток, 6 декември 2018 |

Прва мрачна ноќ

Место со младоженецот, една сопруга од Шангај првата брачна ноќ ја поминала со деверот. Било „темница“, па ја згрешила собата.

Невестата ја погрешила собата, па место со нејзиниот сопруг, ноќта ја поминала со неговиот брат, по што го тужела за силување.

Таа на судот му објаснила дека во текот на ноќта станала да оди до ВЦ, а кога се враќала ја утнала собата и легнала во креветот на деверот, почнала да го мази мислејќи дека е нејзиниот маж, а деверот не ја одбил.

Таа дури утрото видела дека спиела со погрешниот брат. Невестата барала парична отштета од деверот, а бидејќи тој одбил да ѝ плати, таа го тужела на суд.

Сепак, судот ги одбил обвиненијата поради тоа што, како што велат, таа со него спиела по сопствена желба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top