Маж од Колорадо тврди дека во септември променил 500.000 долари во злато, а потоа го фрлил в ѓубре само за неговата поранешна сопруга да не дојде до парите.
Ерл Реј Џонс оваа приказна ја раскажа во судот додека траела судската постапка за разводот со неговата поранешна сопруга со која поминал 25 години.
Џонс моментно се наоѓа во затвор, каде што отслужува казна поради семејно насилство бидејќи ја претепал сопругата и ја држел заробена во нивниот дом. Таа го пријавила, а три недели подоцна побарала развод, тогаш Реј решил имотот да го претвори во злато и да го фрли.
Сепак, доколку златото некогаш биде пронајдено тоа ќе ѝ припадне на неговата сопруга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.