| четврток, 6 декември 2018 |

Платини сака масовен мундијал, ќе предложи 40 репрезентации да играат на СП

Мишел Платини сака масовен мундијал, а предлогот на првиот човек на УЕФА е на Светското првенство во Русија во 2018 година да учествуваат дури 40 репрезентации. Од шампионатот во Франција, кој се одржа во 1998 година, беше променет форматот и од дотогашните 24 селекции пред точно 15 години настапија 32 репрезентации.

Платини мисли дека СП во Русија во 2018 година е проект за нови промени и сака да учествуваат уште осум селекции, или точно 40.

– Ни требаат повеќе репрезентации од Африка и од Азија на мундијалите. Да кажеме дека за овие два континента би имало место за уште по две селекции. За исто толку би се прошириле и репрезентациите од американскиот континент, а Океанија и Европа би добил по уште едно место. Фудбалот се шири, привлекува многу луѓе на сите континенти и не гледам причина зошто некому да не донесеме радост и среќа со проширување на бројот на репрезентации на СП – изјави Платини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top