Убави спомени ќе се евоцираат денеска со фудбалски натпревар меѓу претставниците на првата македонска репрезентација, предводена од некогашниот селектор Андон Дончевски, со Дарко Панчев, Илија Најдоски, Бобан Бабунски, Зоран Бошковски…. кои ќе играат против селекцијата на ветерани предводена од Александар Васовски, Ѓорѓи Христов, Вујадин Станојковиќ, Митко Стојковски… Натпреварот ќе се игра од 14.30 часот на комплексот на ФФМ во населбата Ново Лисеиче во Скопје и е од ревијален карактер, со цел да се одбележи 20-годишнината од првиот меч на македонската фудбалска репрезентација во Крањ на 13 октомври 1993 година.
Тогаш победивме со 4-1, а стрелци за Македонија на првиот официјален меч беа Зоран Бошковски (запишан како прв стрелец во историјата на македонската репрезентација), Дарко Панчев од пенал, Чедомир Јаневски, исто така, од пенал и Драган Канатларовски. Последните двајца денеска нема да играат поради приватни обврски, како што информира ФФМ.
Селекцијата на ветерани како селектори ќе ја предводат доајените на спортското новинарство кај нас, Атанас Костовски (го коментираше мечот во Крањ за МТВ) и Миодраг Мицковиќ, долгогодишен уредник на „Нова Македонија“.
Првиот состав на македонската фудбалска репрезентација што настапи во Крањ, против Словенија:
В. Мицевски, Грозданов, З. Јовановски, Канатларовски, Најдоски, Јаневски, Марковски, Бабунски, Т. Мицевски, Панчев и Бошковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)