
Серијата голови веќе во првата минута ја почна Оливер и тоа беше единствениот гол во првиот дел. Во второто полувреме продолжи да погодува Давид Вилја со двата гола во 53. и 57. минута. На 4:0 зголеми Диего Кошта во 65. минута, а конечниот резултат го постави Габи во последната минута (90+2).
Колото ќе биде комплетирано вечерва со дуелот во Мадрид меѓу Хетафе и Атлетик Билбао.
На другите натпревари од десеттиот круг беа постигнати следниве резултати: Барселона – Реал Мадрид 2:1, Реал Сосиедад – Алмерија 3:0, Вилјареал – Валенсија 4:1, Севилја – Осасуна 2:1, Леванте – Еспањол 3:0, Елче – Гранада 0:1, Малага – Селта 0:5 и Рајо Валјекано – Валјадолид 0:3.
Табела: Барселона 28 бода, Атлетико Мадрид 27, Реал Мадрид 22, Вилјареал 20, Хетафе 16, Атлетик Билбао 16, Леванте 16,…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


