Втор пат во рок од два месеца Лео Меси повторно поврати на терен. Ова му се случи на натпреварот од Ел Класико против Реал Мадрид. Целиот фудбалски свет е во страв, што му се случува на Меси.
Првиот пат му се случи во првото коло од Примера во новата сезона против Леванте. Барселона го доби натрпеварот со 7-о, а Аргентинецот во првото полувреме даде два гола. По враќањето од паузата Меси се држеше цело време за стомакот и во еден момент се наведна за да поврати.
Идентичен заплет можевме да видиме во саботното Ел Класико, повторно на полувремето, Меси блед и се држи за стомак. Сепак, Меси не се чувствуваше добро во текот на целиот натпревар, покрај тоа што не играше во препознатливата форма, тој во еден момент излезе од теренот и се задржа во краток разговор со тренерот. И покрај тоа, тој го одигра целиот меч.
Погледнете го Меси како се витка од болки на мечот со Леванте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меси доби трет син: Добредојде Чиро!
-
Тотална спротивност од Лионел: Братот на Меси уапсен синоќа, нелегално поседувал оружје
-
Смртта ги смири, а таа го сакаше и кога не беше славен – Како Меси заврши со сопругата Антонела
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера


