Највисокиот човек на светот, Турчинот Султан Косен со 252 сантиметри, се ожени со жена која е 77 сантиметри пониска од него.
Косен изјави дека тој се откажал од љубовта сѐ додека не ја запознал Мерве Дибо. Неговата сопруга е висока 175 сантиметри, што во споредба со него изгледа минијатурно.
– Жал ми е што не можев да си најдам девојка висока приближно колку мене. Мојата сопруга е висока 175 сантиметри, но верувам дека таа е мојата права љубов – вели Косен.
Султан Косен е сопственик на Гинисовиот рекорд за највисок човек на планетата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


