| четврток, 6 декември 2018 |

Докторот на Мајкл Џексон пуштен на слобода

Конрад Муреј утринава е пуштен од затвор откако одлежа две од четиригодинишната казна за убиство на Мајкл Џексон.

Судот во Калифорнија му одреди казна на докторот Конрад за убиство од небрежност на поп- пејачот Мајкл Џексон, а отслужувањето на казната му почна на 11 ноември 2011 година.

Обдукцијата покажа дека Џексон умрел од предозирање со „пропофол“, кој му го дал Конрад Муреј.

Муреј по излегувањето планира да ја врати лекарската дозвола, но адвокатскиот тим на мајката на Џексон смета дека тоа нема да му помогне многу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top