Сакам да ја посетам Македонија и да се сретнам со моите поддржувачи во оваа земја. За жал, згуснатиот распоред на светските турнири ме оневозможува во тоа. Но, сигурно ќе дојдам наскоро, а можно е тоа да го сториме со репрезентацијата на Србија, зошто да не? Ова го изјави светскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за дописникот на МИА.
– Следам на социјалните мрежи дека имам голем број на поддржувачи од Македонија, за што неизмерно им благодарам. Но, за жал во моментов не знам кои се македонски тенисери – изјавил Ѓоковиќ. Но, затоа пак Богдан Обрадовиќ, селекторот на српската тениска репрезентација ги познава Шевченко и Китинов, поранешните прославени македонски тенисери.
– Затоа го знам и најмногу го ценам Тоше Проески! Тоа што Тоше го направи е историско. Тој е легенда, која за жал не е повеќе меѓу нас, но неговите песни траат, неговата музика масовно се слуша. Тоше беше фантастичен – додаде Ѓоковиќ.
– Се надевам дека ќе се видиме набрзо, ќе се дружиме и ќе ја запееме „Зајди, зајди” – рече популарнот Ноле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


