| четврток, 6 декември 2018 |

Се омажи новинарката Анита Петровска

hitportal-anita-svadba-21

Македонската новинарка Анита Петровска денеска го кажа судбоносното „да“, јавува Хитпортал. По 5 години врска со нејзиниот избраник Александар Рајковиќ, во Соборниот храм во Скопје се заколнаа на вечна љубов. Невестата се одлучи на своето презиме Петровска да го додаде и Рајковиќ.

Старосват на Анита и Александар е познатиот водител Ненад Ѓорѓиевски, а кум е близок пријател на младоженецот. Александар и Анита неколку години живеат во Скопје иако Александар е од Белград. Тој е музичар во познатиот бенд на Горан Бреговиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top