Британските метеролози денеска предупредија дека ветар со ураганска сила ќе го прекине сообраќајот на патиштата, како и железничкиот и авиосообраќајот. Најсилното невреме се очекува утре. Според нив ова ќе биде една од најсилните бури во последната деценија во Британија. За невремето се подготвува и северниот дел на Франција.
Британците бурата ја нарекуваат Свети Јуда, светецот заштитник на кој верниците му се обраќаат во тешки ситуации, а кој традиционално се слави на 28 октомври. Бурата ја споредуваат со онаа во 1987 година во која загинаа 18 луѓе, а беа откорнати околу 15 милиони дрвја.
Се очекува бурата во понеделник наутро во Британија да донесе ветрови со брзина од околу 130 километри на час и обилни дождови. Најсилните ветрови може да влијаат на сообраќајот северно од Лондон и во средишниот дел од земјата. Британската железница веќе објави дека има промена во возниот ред за одредени правци, а Агенцијата за патишта предупреди дека некои мостови може да бидат затворени. Се очекуваат доцнења на летови, како и откажани летови.
Во 12 француски региони е објавен портокалов степен на подготвеност за непогода. Невремето може да го зафати целиот северен дел на Франција, а постои можност да стигне и до средишниот дел од земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)