| четврток, 6 декември 2018 |

Еден убиен и еден тешко повреден во ресторан во Белград

bajka-restoran-zlocin-kosutnjak-1382899048-387981

Зоран Ј (28), кој работел како обезбедување на ресторанот „Бајка“ во Белград со нож триесетиедно годишниот Никола Букомировиќ и тешко го ранил десет години повозрасниот Драгиша Ч. во локалот во Кошутњак. По убиството Зоран побегнал и полицијата сѐ уште трага по него. Според српски Курир, Букомировиќ и Драгиша вчера попладне седнале во ресторанот и пиеле. Кавгата со Зоран настанала околу 1 часот и 30 минути по полноќ. Кавгата набрзо прераснала во тепачка.

-Сѐ уште не е познато дали тие двајца се знаеле со Зоран, со оглед дека биле постојани гости во локалот, но сето ова се случило затоа што биле под дејство на алкохол. Повеќе сознанија ќе има по распитот на Драгиша кој е тешко повреден – изјавил извор од истрагата за српски Курир.

Соговорникот на Курир раскажува дека по кавгата и тепачката Зоран со нож го прободел Букомировиќ во срце, а потоа седумпати го прободел Драгиша во стомак. Иако тешко ранет, Никола успеал да се довлечка до тоалетот, каде и починал од повредите. И Драгиша паднал на земја и полусвесен ги дочекал докторите од Итна помош кои биле повикани од човек од ресторанот.

Според изјавите на еден од  петте очевидци Драгиша и Букомировиќ биле многу гласни во текот на вечерта.

-Слушнав како некој вика и излегува и набрзо влегува. Тогаш изби тепакча. Не видов дали тој од обезбедувањето извади нож или го зема од некоја од масите. Во секој случај почна да замавнува со нож и следно што забележав беше дека еден лежи на земја, а другиот го изгубив од вид. Подоцна видов дека доктори од Итна помош трчаат во тоалетот од ресторанот, каде во крв лежеше еден од учесниците во тепачката. Момчето кое ги прободе гостите излета од ресторанот – вели очевидец за српски Курир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top