| четврток, 6 декември 2018 |

Торес со подарок во 90 минута ги совлада „граѓаните“ (видео)

Дерби дуелот од Англиската „Премиер лига“ меѓу Челси и Манчестер Сити заврши со победа на домаќините со 2-1 (1-0). Победникот беше решен во 90 минута кога Фернандо Торес ја искористи кардиналната грешка на одбраната на Сити и го донесе својот тим до значајни три бода. Резултатот го отвори Шурле во 33 минута по асистенција на Торес кој одлично продре по десната страна. Претходно Шпанскиот репрезентативец се посрамоти промаувајќи празен гол. На самиот почеток на вториот дел „граѓаните“ израмнија преку аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро во 49 минута.
Со оваа победа Челси се најде на делба на второто место на табелата со 20 бодови заедно со Ливерпул само два помалку од лидерот Арсенал.
Во останатите денешни дуели од „Премиер лигата“ Тотенхем со минимален резултат (1-0) го совлада Хал сити, со погодокот од пенал на Солдадо во 80 минута од средбата. Сандерленд беше подобар од Њукасл (2-1), а Свонси и Вест Хем одиграа без голови.


Chelsea 2-1 Manchester City All Goals by all-goals

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top