| четврток, 6 декември 2018 |

Пукање во близина на претседателската вила на Водно

vila vodnoДенеска околу 16.30 часот во близина на претседателската вила на Водно на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, се слушнале неколку поединечни истрели од пиштол, објави Телеграф повикувајќи се на полициски извори.

По пријавувањето на пукањето на терен испратени се припадници на единицата „Волци“, кои забележале три лица, од кои едното женско, како се движат кон населбата Жданец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите, а покрај единицата „Волци“ на терен се излезени повеќе служби.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top