Нерешен резултат по 30 минути игра на мечот Загреб – Вардар, натпревар од Сеха Лигата. Резултатот по првото полувреме е 15:15. Одбраната на двата тима им е слаба страна, но затоа и хрватскиот и македонскиот тим имаат одлична игра во напад. Кај Хрватите најмногу погодоци има Лука Степанчиќ – седум, а кај Вардар, Тимур Дибиров со пет погодоци, од кои два од линијата за седум метри.
Во тимот на Вардар со повреда се здоби Душебаев. Тој ја напушти играта пред крајот на полувремето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.