Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија по вторпат организира „Банкекспо“, заеднички саем на сите банки и штедилници од Македонија, кој е по повод Светскиот ден на штедењето – 31 Октомври.
„Банкекспо 2013“ ќе се одржува на 30 и 31 октомври во хотелот „Александар Палас“ од девет до 18 часот, каде што посетителите ќе имаат можност да се запознаат со услугите на банките и штедилниците.
Во рамки на саемот Здружението, со поддршка на Народната банка на РМ и Министерството за финансии, на 31 октомври ќе организира и прв регионален форум на тема „Земјите од регионот во услови на економска криза, предизвици и решенија“, на кој се поканети да учествуваат гувернери, министри за финансии, претставници од здруженијата за банкарство од земјите од регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сте зеле плата, а веќе немате ни денар: Еве како да заштедите и да имате повеќе пари
-
Хакери украле 15 милиони долари од повеќе банки во Мексико
-
Овие уреди ви трошат струја и кога се исклучени
-
Се нудат на продажба: Банките им ги лапнаа хациендите и фирмите на познати македонски политичари и бизнисмени