| четврток, 6 декември 2018 |

Виенската опера за Аки од Камењане

“На трети ноември Аки од Камењане, Македонија, ќе седне во неговата ложа во Ви­ен­ска­та опера, ќе седи во средината каде што само царот заслужува да седи, ќе би­де осветлен со рефлектор и за него ќе пеат голем број оперски ѕвезди, на за него по­чес­ни­от ден”, пишува во октомвриското издание на месечниот магазин “Виена лајв”, пренесува Вест. На насловната страница на списанието е светската оперска дива Ана Нетрепко со нас­лов “Ана го сака Аки”.

EC879DAC11591A4E85E34CE8D9C684FEГлав­на­та тема во “Виена лајв” е приказната за успехот на страсниот вљубеник во опе­ра­та, угостителот од тетовското село Камењане, кој на трети ноември, со сла­ве­ње на оперската уметност, ќе одбележи 30 години работа на неговиот виенски рес­то­ран “Соле”. Аки Нуредини ја откупи Виенската опера и приредува хуманитарен кон­церт, на кој бесплатно ќе настапат голем број оперски ѕвезди, а собраните средства ќе бидат наменети за запуштените деца во Мексико.
При­каз­на­та за Аки е објавена на седум страници, во магазинот кој, на софистициран на­чин, зборува за високиот стил на живот во Виена, за културата, уметноста, модата, за гастрономијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top