| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера во прилепскиот театар „Сонот на Цепенков“

„Сонот на Цепенков“ според собирачот на македонски народни умотворби Марко Цепенков вечерва премиерно ќе биде изведна на сцената на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“. Режисер на претставата е Кирил Петрски. „Сонот на Цепенков“ е прва премиера годинава на овој театар и првпат ќе биде поставена кореодрама.

Според режисерот Петрески, ова е доказ дека Цепенков може да се раскаже поинаку.

– Ова е поинаков театар, со многу кореографија и движења. Затоа претставата трае и неполн час. Искуството при работата на претставата е незаменливо – рече режисерот Петрески.

Кореографијата е на Кире Миладиноски од студиото „Зодијак“, а музиката на „Чалгија саунд систем“. Во претставата играаат Марија Спиркоска Илијоска, Игор Трпче, Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Никола Настоски, Јасмина Мицовска-Станкоска, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Катерина Чакмакоска.

Прилепскиот театар годинава планира пет премиери, од кои три се со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top