| четврток, 6 декември 2018 |

Седуммина загинаа во затворски бунт

Mexico Prison Violenc_CarmСедум осуденици погинаа во текот на бунт што избил во затвор во мексиканската сојузна држава Тамаулипас, на североисток од земјата, соопштија денеска официјални претставници.
Државното обвинителство соопшти дека осудениците се убиени со остри предмети, слични на ножеви, во текот на тепачка што избила во едно затворско крило од затворот во Алтамира.
Како што пренесуваат американските медиуми, две лица се повредени.
Убиени се осуденици на возраст меѓу 20 и 59 години.
Минатата година во истиот затвор во бунт погина 31 осуденик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top