Шпанскиот мотоциклист Хорхе Лоренцо победи на претпоследната трка во МотоГП шампионатот што се возеше утринава на патеката „Твин Ринг Мотеги“ во Јапонија. Тој патеката ја заврши со време 42.34.291 минути три секунди пред најголемиот конкурент за титулата Марк Маркез. Подиумот го комплетираше третиот шпанец Дани Педроса. Во генералниот пласман пред последната трка која се вози во Валенсија за две недедели води Марк Маркез со 13 бодови предност пред Хорхе Лоренцо.
Во Мото2 шампионатот во Јапонија победи Пол Еспаргаро пред Мика Калио и Томас Лути. Во ова натпреварување се е решено околу победникот на сеозната. Пол Еспаргаро е шампион бидејќи веќе има недостижна предност пред последната трка во однос на второпласираниот британецот Скот Ридинг од 41 бод.
Интересна ќе биде и последната трка во Мото3 шампинатот. На денешната трка победи Алекс Маркез кој го победи во фотофиниш Маверик Вињалес и беше побрз за скоро осумс секунди од третопласираниот Јонас Фолгер.
Во Мото3 шампионатот дури три мотоциклисти имаат шанси да ја освојат годинашнава титула. Води Луис Салом со 300 бодови пред Маверик Вињалес со 298 и Алекс Ринс со 295. Кој од овие тројца победи на последната трка во Валенсија ќе го освои и шампионатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.