| четврток, 6 декември 2018 |

Tрагедија- убил пет деца со нож (Фото)

usa-crime-new-york-multiple-stabbingsЊујоршката полиција соопшти дека пет лица се убиени со прободување со нож во стан во Бруклин.
Жртвите на ова последно масовно убиство во квартот Бруклин, во Њујорк, се жена на возраст од 20 години, две девојчиња од шест и девет години и две момчиња од шест и осум месеци, соопштија локалните медиуми.
Тие биле избодени до смрт од маж, кој според првичните информации, е роднина на убиените. Сите били членови на исто семејство.
Три од жртвите починале на лице место, а останатите две биле префрлени во болница, но набрзо им подлегнале на повредите.
Полицијата успеала да го уапси напаѓачот и ги истражува мотивите за нападот.

usa multiple-stabbing usa-crime-new-york-multiple-stabbings 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top