Активист на Гринпис висеше два часа во шатор од вториот кат на Ајфеловата кула во Париз, протестирајќи за 30-те колеги притворени во Русија. Тој раширил транспаренти „Ослободете ги 30 активисти од бродот ’Арктичка зора’“ и “Активисти во затвор, клима во опасност“, а властите биле принудени да ја затворат светските познатата знаменитост за туристите. Неговиот протест траел два часа, додека пожарникарите не го отстраниле. Москва се најде на удар на Гринпис бидејќи во септември притвори активисти на Гринпис од бродот ’Арктичка зора’ во регионот Мурнамск, кои протестираа поради експлотација на нафта што Русија ја спроведува во регионот на Арктикот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.